Биомиметичка мимикрија

Биомиметичка мимикрија е процес кој ги елиминира сите области каде ги копираме или имитираме реалностите на другите луѓе, нивните животи, телесни болести, заболувања итн. Тука е вклучено и се она што се смета за генетска карактеристика или наследна болест. Со елиминирање на биомиметичката мимикрија престануваме да фунционираме од сосотојба на автоматски-пилот и имаме избор и повеќе можности да го креираме нашиот живот соодветно на нашите желби и потреби.

 

Биомиметичката мимикрија го менува креирањето на нашите животи и обликувањето на нашите тела преку имитирање на нашето најблиско опкружување и стандардите наметнати од модерното живеење и општеството наместо од наша сопствена перцепција и избор.

Биометрија е се она што е вкоренето во нашето тело трудејќи се да ги копираме или разбереме другите. Тоа е природна карактеристика на телото да може да се вклопи со остатокот од светот. Ги имитираме животните патишта и гледни точки на другите кога се трудиме да ги разбереме од интелектуална или енергетска гледна точка што налага да ги присвоиме сличностите во своето тело за да направиме диференцијација меѓу нивните и нашите ставови и гледишта.

 

Со елеминирање на се она што сме го копирале и превземале од нашето најблиско опкружување дибиваме можност да го креираме нашиот живот согласно со нашите желби и потреби и да обликуваме тело какво што ние посакуваме и нас ни треба.