Access Consciousness

All of life comes to me with ease, joy and glory!!!

Се во животот ми доаѓа со леснотија, радост и слава!!!

Access Consciousness нуди алатки и прашања за да создадете сè што посакувате на различен и полесен начин и да ги менувате нештата во вашиот живот што досега не сте биле во можност да ги промените. Овозможува да знаете дека знаете и ви обезбедува начини да станете целосно свесни и да започнете да функционирате како свесно суштество, што навистина и сте.Кога сте подготвени да го следите вашето знаење и да поставите прашање, тоа би можело да биде единствената работа што го отклучува целиот свет! Дали сте подготвени за тоа?– Dr Dain Heer

Access Consciousness  е збир на техники, алатки и процеси за промени во животот кои се дизајнирани да ви овозможат да го создадете животот што го посакувате. Практично, динамично и прагматично, тоа обезбедува процеси кои ќе ви олеснат да бидете повеќе свесни во секојдневниот живот и да ги елиминирате сите бариери што сте ги поставиле пред себе и кои оневозможуваат да го примите оној живот кој го посакувате и заслужувате. Тогаш животот станува авантура на она што би сакал да го изберам!

 

  • Што би сакал да создадам?
  • Колку е забавно да се биде жив?
  • Повеќето од нас го поминуваат целиот свој живот во потрага по одговорот. Да се добие вистинскиот одговор, да не се погреши.
  • Што ако прашањето е одговорот што го барате?
  • Прашањето охрабрува, одговорот обесхрабрува.
  • “Ниту еден проблем не може да се реши од истото ниво на свест кое го создал!!!”-Ајнштајн

Основната алатка на Access Consciousness е да се живее во прашање. На тој начин се истражуваат сите можности. Кога сте отворени за авантура на љубопитност, сè станува возможно и сè што сакате да создадете или промените може да се случи со леснотија. Но, клучната разлика во прашувањето е што тоа треба да биде во просторот на вистинското прашање. Вистинското прашање ја отвара вратата кон бесконечните можности на било кое поле.

 

Така на пример, наместо да прашате „Што не е во ред со мене?“, ќе прашате „Што е во ред со мене што не го добивам тоа што го посакувам?“

 

Или, наместо да прашате „Може ли ова да се влоши?“, ќе прашате „Како може да биде подобро од ова?“

 

Наместо да кажете „Ништо не се менува тука“, прашајте „Што друго е можно што никогаш не сум размислувал?“

Прашувајќи се, добивате свесност за тоа што би можело да биде можно, за изборите што би можеле да ги направите. Барањето на решение ве тера да го барате вистинскиот одговор. Речиси никогаш не постои точен одговор и затоа се врзувате за размислување за тоа што сакате да биде можно, наместо да поставувате прашања што ќе ви покажат низа можности што не се далеку од вашите најлуди соништа.

„Универзуме, покажи ми што уште е возможно!!!“-Dain Heer