Стравот значи дека немаме доверба, дека не веруваме…
ТОЈ е сеприсутен на планетата!
За стравот секој ден слушаме и го гледаме во облик на војна, насилство, убиства…
Стравот е недостаток на верба во себе.
Поради тоа не му веруваме на животот.
Немаме верба дека за нас се води сметка на високо ниво, па затоа мислиме дека мораме да контролираме на физичко ниво.
Затоа чувствуваме страв ако не контролираме ве во својот живот
Тоа што го учиме кога сакаме да го надминеме стравот е вербата!
Тоа се вика скок во верба. Верба за моќта во нас која е поврзана со Универзалната Интелигенција.
Верба во она што е невидливо наместо верување само во она што е физичко – материјален свет.
Кога ќе ни се појави страшна мисла таа всушност се труди да не заштити.
Да ги препознаеме своите стравови и да разбереме дека ние не сме тие!
Стравот го ограничува нашиот ум и тој е спротивен од љубовта.
Затоа да се сакаме себеси за да се погрижиме за себе и да се завртиме на моќта во нас.
Comments are closed.